ВРАЌАЊЕТО И СМРТТА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) (23)

Date:

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО
СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА“ ОД АКАДЕМИК АНТОНИЈЕ ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

За време на одморот кој истата година го минал во Медиска Екватана, имал значајно советување со своите соборци и биле донесени значајни одлуки. Било решено една истражувачка екипа да се упати и ги испита Запад-ното и Источното крајбрежје на Арапскиот Полуостров од Месопотамија, а другата, од Суец да го испита Еритрејското Море и неговите брегови. Одредена била и екипата која ќе го проучи Каспиското Море и неговата околина. Александар планирал да подготви голем поход на северниот брег на Африка, до Гибралтар и да ја покори Картагена.
Во прогласот за успешниот поход над Азија, кој Александар им го пратил на учесниците на Олимписките игри, преку Аристотеловиот посинок Никанор, а истовремено ја изнел одлуката за амнестија на сите политички затвореници во неговото царство и за враќање на личните и имотни права. Во пролетта 323 година п.н.е. Александар се наоѓал во Вавилон. На големата свеченост ги примил пратениците кои дошле да му честитаат, да го изразат своето пријателство, покорност и желба за соработка.

Биле претставници од Картагина, Етиопија, Либија, Рим, Иберија итн. Претставниците на Грција на Големиот цар му донеле златни венци како знак на признавање. Големото учество на пратениците од тогаш целиот познат свет, ги убедило учесниците и младиот цар дека идејата за космополитизам и единственост на светот, не е фантазија.

Меѓутоа, во околностите на успех и слава, животот на храбриот и славен војсководец се ближел кон крајот. Смртта го затекнала кога имал 33 години и бил на царска власт 13 години, на ден 13 јуни, или по македонскиот календар на 28, во месецот дисиос. Македонија го изгубила својот најголем син, генијален генерал и политичар, но името Македонија и неговото гигантско дело станале составен дел од европската и светска цивилизација.

Со Александровиот поход и освојувањата, дошло до големи промени во историјата на човештвото. Во светот и кај нас постојат голем број библиографии кои ја анализираат и вреднуваат улогата на Александар Македонски и Македонија во цивилизацијата на IV и подоцнешните векови во историјата.

Во воена смисла, се истакнува дека Александар како војсководец бил таков гениј како никој друг во историјата. Се изнесуваат неговите лични особини, натпросечна интелегенција, големо другарство, храброст, дисциплина и др. За способноста за проценка, организација, одлучување, командување, тактика, стратегија, маневри, користење комбинирани дејства, воведување на герилско војување, етапен систем, позадинско снабдување и обезбедување итн., заради заштита на својата огромна империја.

Во државен поглед, се укажува на неговите доблести во законодавството и други правни форми на управување и контрола на империјата по пат на воена и цивилна администрација. Во реализацијата на идејата за единствено царство и свет, т.е. глобализација, позитивно се оценуваат неговите настојувања за создавање мостови на соработка меѓу народите на Европа, Азија и Африка.

На стопанско поле, Александар со интензивна изградба на градови и разни центри, извршил колонизација на Азија и Африка. Плутарх (Ц, 5) наведува дека имало околу 70 градови со име Александрија. Во овие градови се доселиле колонисти од Македонија, Елада и Мала Азија. Тие станале центри на власта за производство, трговија, комуникација, култура и друго.

Историографите не ја истражувале понатамошната судбина на македонските колонисти во Александровата Империја. При еден студиски престој на еден од авторите на оваа книга, пред триесет години, на југозапад во Кина, во Хсиан, домаќините раскажуваа дека тие од традицијата знаат дека во ним соседни провинции, на исток од Авганистан и Пакистан, живееле древни Македонци. Можеби од современите експедиции во сегашноста ќе има повеќе информации.

Александрија во Египет е најубав таков пример. Го наведуваме интересниот опис на класичниот римски писател Полио (II, 31) од I век п.н.е. кој го расветлува александровиот однос кон подигнување нови градови. Имено, кога Александар го прашал прочуениот архитект Динократ кој е тој, го добил следниот одговор: „Архитект сум, Динокрит, Македонец и ти ги носам плановите и нацртите достојни на твојата слава“. Кога Александар ги погледнал плановите рекол:„Сакам ти да останеш покрај мене, зашто ќе се послужам со твојата работа“. Оттогаш Динокрит не го оставал кралот, туку го следел во Египет. Кога Александар го видел од природата сигурното пристаниште, прекрасно пристаниште, житородни полиња низ цел Египет и благодетите на големиот Нил, му заповедал на Динокрит да основа град со неговото име, Александрија.

Реалноста на кралското планирање се согледува и во тоа што Александрија дури и во римскиот период останала светски центар на стопанството и културата меѓу Гибралтар и Индија, Црно Море и Етиопија. Монументалниот и прекрасен Александриски светилник секогаш бил доказ за таа величина. Тој е наречен седмо светско чудо кое го изградиле владетелите од македонската египетска династија на Птоломеј, во III век п.н.е.

Тој бил сместен во Александија на островот Фар. Тоа бил светилник „прататко на сите светилници“, а бил висок 110м. Светилникот имал еден вид „лифт“ за доставување гориво до неговиот врв. Неговиот пламен можел да се види и од 60 км оддалеченост. За жал, светилникот е срушен од земјотресот во 1307 година, по 1 600 години опстанок и функција.

Александровиот музеј и библиотеката биле Александрова идеја за култивизирање на науката (Вилкен, 1988, 329). За време на Птоломеј изграден е величествен Музеј, по пример на Аристотеловата школа во Македонија и Атина, во ранг на „Кралска македонска академија“. Во оваа институција, на учителите и студентите, како и на истражувачите, им биле обезбедени сите средства за живот и работа на сметка на кралот.

Најугледна личност на културните кругови, библиотекар и член на музејот бил Калимах (310-235), син на Бат од Кирена, далечен потомок на Минијците од Хипербореја на Дунав. Калимах бил повикан од кралот Птоломеј Филаделф, на кого му бил личен поет, да биде управник на Музејот (260-235). Тој му бил учител на Аристофан од Бизант, прочуен критичар и книжевник, на Аполодор Родски и многу други. Калимах се смета за автор на пр-виот библиотекарски каталог под името „Пинакес“ (список) од 120 томови. Тој силно ја унапредил критиката, историјата на книжевноста, граматиката и лексикографијата. Напишал уште 800 книги во стихови и проза, од кои се сочувани околу шест химни и 63 епиграми. Опусот на Калимах го сочинува почетокот на александровата литературна историја.

 

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Бенедикт – доручек со јајца

Потребни состојки:2 јајца2 лепчиња за бургер (или земички)4 парчиња...

Денови на хаос над европското небо поради затворање на Хитроу: Десетици летови се откажани

Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос...

Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани

Тивкиот хероj во големата трагедија. Вака на социјалните мрежи...

Се проширува листата на осомничени, првите пациенти на лекување во странство се очекува да се вратат во понеделник

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за...