Вработена во МВР наместо во каса ставила во џеб 600.000 денари: Барала пари на рака за издавање пасоши

Date:

Во период од јануари до мај годинава, вработена во Отсекот за управни работи Штип за Виница при МВР, во повеќе наврати барала од граѓаните да и дадат пари на рака при поднесување на барање за издавање патна исправа или лична карта, под изговор дека пос-терминалот за платежна картичка во моментот не работи.

Од МВР соопштија дека се стекнала со противправна имотна корист од околу 600.000 денари, на штета на Буџетот на државата.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н.Л., вработена во Отсек за управни работи Штип за Виница, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „проневера во служба” по член 354 став 5 вв став 1 и 2 вв чл.45 од Кривичниот законик – соопштија од МВР.

Воедно, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а вработената ќе биде суспендирана од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Солидарност со Македонија – Перт обоен во боите на македонското знаме

Со цел оддавање на почит на загинатите млади луѓе...

Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА

Кај еден пациент повреден во пожарот во Кочани кој...