Пронајдени се четири деца кои го преживеале падот на мал авион во Колумбија од пред 40 дена, соопштија колумбиските власти.

Домородните деца на возраст од 13, 12 и 9 години, како и бебе од 12 месеци, се пројадени во самата џунгла, по интензивна потрага во која учестуваа 150 луѓе и која таеше од падот на авионот.

Претседателот на Колумбија Густаво Петро изјави за новнарите дека на децата им е укажана лекарска помош.

Авионската несреќа се случи во раните часови на 1.мај, кога од мал авион „цесна“ е алармиран дефект на моторот.

Набрзо изчезнале од радарот и почнала потрага, а три лица настрадаа и нивните тела заедно со остатоците од авионот се пронајдени по две недели во густиот дел од прашумата.