Во три града нема гинеколог а во шест нема педијатри – истражување во триесетина здравствени центри

Date:

Граѓаните во помалите градови нема кој да ги лекува. Во дури шест града нема педијатри, а во три нема ниту еден гинеколог. Ова го покажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации за степенот на здравствена заштита на жителите во 30-те здравствени центри во земјава.

Најалармантно е во Крушево каде има најмалку лекари според бројот на жители, нема болнички постели, ниту пак служби за заштита на претшколски и школски деца, жени и медицина на труд.

Покрај Крушево, со многу мали можности за соодветна здравствена заштита се и жителите на Крива Паланка, Валандово, Македонски Брод и Кратово. 

Има огромни разлики во можностите за здравствена заштита на жителите на 30-те градови во земјава. Подобро стојат големите, а полошо помалите градови. Највисок степен на здравствена заштита уживаат жителите на главниот град Скопје, додека најмалку можности за соодветна здравствена заштита имаат жителите на Крушево. Покрај Скопје, на врвот на листата се и Битола и Штип, додека на дното, покрај Крушево се и Македонски Брод, Валандово и Крива Паланка“, велат од Центар за граѓански комуникации.

Како да се променат ваквите состојби и граѓаните да добиваат повеќе здравствени услуги поблиску до своето место на живеење? Д-р Злате Мехмедовиќ, национален координатор за реформи во примарната заштита вели дека идејата е да се направи системска децентрализација.

„Тоа значи дека најблиску до вас ќе ја добиете услугата за којашто имате потреба, еве на пример во однос на реформите во примарната заштита, ние за петте најчести незаразни заболувања, како што се покачениот крвен притисок, дијабетот, ХОББ, астма и хипотиреоза направивме измени во режимот на препишување на лекови, издадовме протоколи за точна дијагностика и терапија којашто треба да се дава за тие болести и практично овозможивме да се добиваат тие лекови и тие услуги кај вашите матични лекари, а притоа да не изгубите од квалитетот на услугата што ќе ја добиете. Таквиот тип на јас како што ја нарекувам системска децентрализација, а не институционална е тоа што денеска во нашата земја се чувствува како еден позитивен пример и задоволството кај граѓаните да не мора да патуваат или некогаш да губат и ден од работа за да добијат здравствена услуга“, вели д-р Злате Мехмедовиќ, национален координатор за реформи во примарна здравствена заштита.

Од Министерството за здравство тврдат дека веќе се спроведуваат здравствени политики на терен. 

Се инвестираше во нова опрема во повеќе градови Гостивар, Штип, Велес, Тетово, Куманово, Битола, Прилеп, Кичево, Охрид. Но, исто така се унапредуваат и условите во установите преку реконструкции, велат од Министерството за здравство.

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации кое вклучува 22 индикатори ги зема предвид човечките и просторните медицински капацитети што им стојат на располагање на жителите на овие региони како што се болници, здравствени домови,  лекарски, специјалистички и друг здравствен кадар, а податоците се однесуваат за 2021 година како последна година за која има расположливи и обработени податоци.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...