Во Тирана поставена повеќејазична табла на Комитетот за национални малцинства, го има и македонскиот јазик

Date:

Последователен успех, во остварување на легитимните права на македонското национално малцинство во Албанија прокниживме на почетокот на оваа година, овој пат со поставување на повеќејазична табла на зградата каде што е сместен Комитетот за национални малцинства во Тирана, изјави Никола Ѓурѓај претседател на Македонското друштво (МД) Илинден.

Ѓурај додава, дека тоа по барање на друштвото доставено во јануари 2023 година, до комитетот, за поставување повеќејазична табла, вклучително и на македонски јазик и неговото кирилско писмо, на кое добиле одговор два месеца подоцна дека истото ќе биде земено предвид.

„Но, помина повеќе од една година, а таблата не беше поставена. Поради тоа на 25 април минатата година испративме реакција до повеќе институции во Република Албанија, меѓу кои и до Народниот правобранител. Народниот правобранител го разгледа барањето, излезе во пресрет и се ангажираше да се постави повеќејазична табла на зградата на Комитетот. Во средината на јуни добивме допис дека ќе биде поставена повеќејазична табла и ете конечно истата е поставена, што е уште една институција со табла на македонски јазик, кое следува по наше барање“, посочува Ѓурѓај за МИА.

Изразуваме, нагласува тој, голема благодарност до Народниот правобранител и вработените во таа институција, за нивното ангажирање за да се реализира нашето барање и секако Комитетот за национални малцинства, кој е владин орган, во кој свои претставници имаат деветте малцинства, признати со закон во Албанија.

Претходно по барање на МД Илинден повеќејазични табли, поставија Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Грчката заедница во Австралија има проблем со името на фудбалскиот клуб „Престон Македонија“

Одлуката на ИП Австралија, австралиската владина агенција за интелектуалната...

Познати саатниците за мечевите од кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија

Македонската кошаркарска јавност од утре па до недела во...

Страстите зовреа, Дукуре и Џонс се степаа по дербито на Ливерпул

Големите градски дербија меѓу Евертон и Ливерпул секогаш носеле многу тензија, агресивна игра...

Муцунски се сретна со австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...