ВО СУДАН ПОЧНА 72-ЧАСОВНО ПРИМИРЈЕ ДОГОВОРЕНО ПО ДВА ДЕНА ПРЕГОВОРИ

Date:

Во Судан стапи на сила 72-часовно примирје, по неколку дена жестоки борби помеѓу двете завојувани војски, што доведе и до егзодус на странските дипломати од земјата. Ова е трет прогласен прекин на насилствата досега, но за разлика од првите два, информациите велат дека сега се почитува.

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, синоќа кажа дека по 48-часовни преговори бил постигнат договор за тридневно примирје помеѓу регуларната војска на Судан и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ), кои се борат за превласт. Најмалку 400 луѓе загинаа од ненадејниот почеток на борбите на 15 април.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутерес, изјави дека насилството во Судан може да предизвика катастрофален пожар, кој би можел да го зафати целиот регион, па и пошироко. САД предупредија дека во Судан се појави недостиг на лекови, храна и вода, а исклучен е и интернетот. Во бомбардирањата е оштетена клучната инфраструктура, како цевки за вода, поради што некои луѓе се принудени да пијат од реката Нил.

Бројни држави во изминатите денови брзаа да ги евакуираат своите дипломати и други луѓе од земјата, додека САД ја опишуваат ситуацијата како многу предизвикувачка.

Од пучот во 2021, со Судан управуваше воен совет, предводен од двајца генерали кои сега меѓусебно војуваат, Абдел Фатах ал-Буран од регуларните вооружени сили и Мохамед Хамдан Дагало од РСФ. Главната точка на спорот е вклучувањето на 100.000 припадници на РСФ во војската.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ го доби дербито со ТФТ и остана перфектен во Суперлигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со сигурни настапи на...

Полицијата апси членови на Торцида, странските медиуми згрозени од Торцида и нацизмот во Сплит

Хрватската полиција денеска во Сплит уапсила неколку лица кои...

Аделаида под притисок: Градските власти се спротивставуваат на новата улична патека за MotoGP

Австралиското ГП во MotoGP се соочува со неизвесна иднина,...

Без „Старлинк“ и без ЦИА Украина се соочува со воен пораз

Палењето на 11 антени на „Старлинк“ во Бугарија, ограничувањата...