Најавената средба на премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски ќе се одржи во среда во Клубот на пратеници.

Од Владата велат дека на средбата, ќе се разговара за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Македонија, како и за пристапот на државата за одржување на добрососедски односи со соседните  држави.