Топлото и пријатно време ќе се задржи до денес, проследено со летни температури на воздухот, но и суво и претежно сончево време.
– Веќе од среда, па се до крајот на следната недела под влијаните на силен и ладен Атмосферски фронт од север и од северозапад, во Македонија очекуваме нагла, и екстремна промена на времето. Ќе има обилни врнежи од дожд, а температурите ќе значително ќе опаднат. Во одредени региони дури и за повеќе од 15 степени во споредба со сегашните. Поради заладувањето, на планините над 1300 – 1400 метри ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира снежна покривка – објави метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Како што потенцира, температурите од среда, а особено од четврток ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени, се работи за максимални дневни температури на воздухот.
-Кон крајот на следната седмица и во Македонија ќе има услови за појава на утрински мразеви, особено на повисоките места и на планините.
Да напоменеме дека поради тоа што ладниот атмосферски фронт кој ќе пристигне на загреана и топла атмосфера, локално ќе се развијат и грметевични облаци (нестабилна атмосфера) од која се очекуваат поројни врнежи од дожд, силен ветер, грмежи, а можна е и појава на град, локално во форма на невреме – потенцира Попоски.
Ова особено лошо ќе се одрази кај метеопатите, но поради тоа што се работи за екстремна и нагла промена на времето, а здравствени проблеми можни се и кај повеќето граѓани.
Во среда Македонија ќе ја зафати силно невреме, ќе има и снег
Date: