Во Софија незадоволни од Резолуцијата во американскиот Сенат за Македонија

Date:

Дел од бугарските аналитичари и експерти се загрижени поради предложената Резолуција во американскиот Сенат со која треба да се слават македонскиот јазик, култура и историја. Некои одат дотаму што бараат бугарскиот претседател Румен Радев да реагира и да побара средба со американскиот претседател Џо Бајден.

Бугарскиот професор Спас Ташев од Институтот за население и човечки студии при Бугарската академија на науките, вели дека минатата година македонско-бугарската емиграција стана многу активна и изнесе многу аргументи, „при што Скопје ги препозна слабостите и сега е повторно во офанзива, со овогодинешната нацрт-резолуција“.

Многу е важно Бугарија да може да реагира на таквото барање. Наша слабост е што при поднесување проект до американскиот Сенат мора да има став на бугарскиот парламент. Минатата година упативме апел до сите политички сили застапени во парламентот, но за жал немаше реакција од нашето Народно собрание. Во најмала рака, парламентарната Комисија за пријателство со САД треба да оди во американскиот Сенат и да ги укаже сите невистини и дека тоа е, сепак, наметнување на комунистичка пропаганда. Затоа што испаѓа дека и Америка тврди дека е демократска земја и дека ќе прифати комунистички фалсификати, рекол Ташев за бугарски „Труд“.

Верува дека претседателот Радев ќе може да разговара со својот американски колега, бидејќи како што истакнува, барем досега покажа дека тоа е механизмот со кој успеваме да блокираме дел од нападите.

Септември 2023 година да се прогласи за месец на македонско-американско наследство, за време на кој ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци, се предлага во резолуцијата што во Сенатот на САД ја претстави републиканскиот сенатор од Индијана, Мајк Брон. Треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат. Иницијативата за резолуцијата ја поднесе Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Што најмногу се слушаше на Spotify во 2024 година?

Spotify ги објави своите годишни листи на најслушани артисти,...

Амбер Херд денес има добри вести, повторно е бремена

Актерката Амбер Херд, која беше во брак со Џони Деп...

Сите мислеле дека Донатела Версаче конечно се подмладила, но кога ја виделе во живо, ситуацијата била поинаква!

Донатела Версаче пред својот 70. роденден изгледала освежено и...

Клои Кардашијан: Терапевтот им кажа приватни детали од мојот живот на таблоидите

Риалити ѕвездата Клои Кардашијан откри дека оди кај терапевт,...