Магла и намалена видливост вечерва се забележува во главниот град, а мерните станици регистрираат екстремна загаденост во Лисиче и Ректорат.
Министерството за животна средина и просторно планирање соопши дека стапуваат на сила препораките и мерките за надминат праг на алармирање на суспендирани честички ПМ 10 во Скопје.
Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство се должни да препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.
Исто така нивна обврска е да препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот, да препорачаат да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, како и да обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.
Владата треба да ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила.
Да обезбеди ограничување на работите на градежните објекти
Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа во вакви околности треба да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници и да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.