Во Свети Николе панихида и академија за децата бегалци од Егејска Македонија

Date:

Здружението на бегалци од Егејска Македонија „БЕЛОМОРЦИ“ од Свети Николе организираше панихида и Свечена академија, како дел од одбележувањето на Шестата средба на Децата бегалци.

Панихидата се одржа во Нова Мездра во помен и сеќавање на починатите Македонци од Егејска Македонија, а воедно се одбележа и 75. годишнина од крајот на граѓанската војна во Грција 1946-1949 година во делот на Егејска Македонија.

Свечената Академија се одржа во салата на Општина Свети Николе, а темата беше „75 години од завршувањето на граѓанската војна во Грција и населувањето на бегалците во Ерџелија, Нова Мездра и другите населени места во Општината и градот Свети Николе“.

Притоа свои излагања имаа грaдоначалникот на Свети Николе Дејан Владев, Архимандридот отецот Никодим Царкњаз, проф. д-р Елка Јачева-Улчар, на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, на претседателот на Сојузот на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија-МАКЕДОН Александар Јаневски, на претседателот на Здружението на Македонците од Егејска Македонија Мирка Гинова од Штип Стојан Димков и на Антонио Петков, доктор по историски науки.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Алкалоид замолкна 9.000 Грци и дома ќе игра за титула во ЕХФ Купот!

Македонскиот суперлигаш Алкалоид направи голем подвиг и забележа џиновска...

Моќната Оклахома ја доби „мајсторката“ со Денвер и закажа западно финале со Минесота

Кошаркарите на Денвер Нагетс се елиминирани од плеј-офот на НБА лигата. Тие се сопрени...

Натали Портман објасни зошто сака да живее во Париз, а не во САД

Натали Портман станува реална во врска со нејзиното преселување...

Како изгледаат денес ќерките на Адриана Лима и Марко Јариќ?

Бразилскиот модел се разведе од српскиот кошаркар Марко Јариќ...