ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СИТЕ МОРА ДА ИМАМЕ МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА ПРИПАДНОСТ

Date:

Професорката Тања Каракамишева, со критики за тоа што во земјава се нема основно познавање за многу работи.

„ Во државата се нема основно познавање за многу работи.

Загрижувачко е колку надлежни институции, високи функционери, судии, правници не знаат основни правно-политички поими и со тоа свое незнаење свесно или несвесно го девалвираат системот, ги бунат граѓаните, прават смут во државата!

Жално е колку незнаењето има метастазирано во сите пори.

Уставниот суд наместо да делува едукативно и да ги подучи граѓаните дека е погрешно да се толкува НАЦИОНАЛНА ПРИПАДНОСТ како ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ, да им објасни и на политичарите дека националната припадност е припадност на нацијата што е еквивалент на државата, тој одлучи да влезе во материјална расправа и да поништи графа на национална припадност како неуставна?!

Наместо да ги исправи политичарите и институциите што погрешно ја толкуваат националната припадност, тие земале ја бришат?!?

Во Република Македонија сите мора да имаме МАКЕДОНСКА национална припадност!

Во графите на сите изводи мора да стои македонска национална припадност!

Тоа не смее да се брише!

Етничката припадност се запишува во посебна графа и таа припадност е нешто сосема друго!

Просто е!

Не е квантна физика ама некому како да му одговара оваа циркузијада!“, напиша таа на фејсбук.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...