Во Охридското Езеро се крие најстариот езерски град во Европа

Date:

Мирните води на албанскиот дел од Охридското Езеро го кријат најстариот езерски град во Европа.

Археолошките истражувања биле во рамките на регионалниот проект EXPLO, а еден од најважните резултати на проектот е што населбите на крајбрежјето на езерото во регионот се многу постари отколку што очекувале.

Првите активности во рамките на проектот биле со партнери од нашата земја, а тесно соработуваат и со грчката страна од EXPLO. Од 2018 година почнале првите контакти со археолозите од Албанија и соработката сè уште трае. Во моментот фокусот е на Лин бидејќи се надеваат дека оваа локација ќе биде алката што недостасува помеѓу грчките и македонските локации на кои претходно работеле.

За да се дефинира целосниот опсег на наодите и истите целосно да се анализираат и разберат ќе бидат потребни години. Сепак, артефактите извадени од длабочините на езерото го датираат потеклото на градот помеѓу 6.000 и 5.800 година п.н.е.

– Според нашите сознанија, локацијата Лин на Охридското Езеро е најстарата во Европа. Постаро е од претходно нотираните најстари локации во медитеранскиот и алпскиот регион за неколку стотици години. Замислете заедница која напредувала илјадници години пред подемот на древните цивилизации какви што ги знаеме, забележа Алберт Хафнер, археолог и истражувачки директор на Универзитетот во Берн.

Поглед во праисторискиот живот

Охридското Езеро, кое е дел од светското наследство на УНЕСКО, се протега на границите на Македонија и Албанија и долго време е предмет на фасцинација за научниците и историчарите. Градот, со неговите села, кои се претпоставува дека се состојат од потпорни куќи, сместени над водата или во области подложни на поплави, нуди редок поглед на раните човечки населби и вистинска архитектонска генијалност.

Локацијата би можела да претставува една од најраните вакви заедници во Европа, населена од 200 до 500 луѓе. Ова ја разбуди љубопитноста на археолозите кои продолжуваат со претпазливо испитување за да се избегнат оштетувања на деликатната локација. Нивните досегашни наоди сугерираат дека земјоделството и сточарството биле главните активности на селаните, при што биле откопани разни семиња, растенија и коски од диви и домашни животни.

Мистеријата се продлабочува

Исто така, не се исклучува можноста, овој антички град да бил утврден, што укажува на сложена социјална структура и потребата за заштита од потенцијални закани. Сепак, бујната вегетација на дното на Охридското Езеро го забавува напредокот на истражувањето, чувајќи многу од тајните на градот надвор од дофат на археолозите. И покрај предизвиците, ентузијазмот кај археолошката заедница е сериозен. Оваа локација не е само клуч за разбирање на праисторијата на регионот, туку има значење за цела југозападна Европа.

Под површината на езерото

Откривањето на овој потонат град во Охридското Езеро е повеќе од само археолошка пресвртница, тоа е прозорец во животите на нашите далечни предци. Целта на проектот EXPLO е како целина подобро да ги разбере интеракциите меѓу човекот и животната средина на раните аграрни општества. Како луѓето ја користеле земјата, зошто се населиле овде и како се справувале со кризи.

Можеби еден ден, мистериите на овој древен езерски град ќе инспирираат авантури, толку величествени како сите што се наоѓаат на страниците на романите или на големиот екран. Дотогаш, ќе продолжиме да истражуваме и да се восхитуваме на чудата на нашето минато.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...