Сите барем еднаш сме биле во ваква ситуација. Без разлика дали немаме топла вода во апартманот, креветот е неудобен или плажата е оддалечена повеќе од 100 метри.

Логично, го земате телефонот за да ги предупредите другите туристи. Но, не би сакале тоа да го правите ако сте во земја во Југоисточна Азија. Имено, во Тајланд, негативната рецензија може да ве доведе во сериозни неволји, па дури и да резултира со затвор.

Во пост поставен на социјалната мрежа „Редит“, кој за брзо време стана вирален, луѓето почнаа да ги објаснуваат своите искуства со рецензиите и како за брзо време им се одбиле од главата.

– Тајланд има смешни закони за клевета и сето тоа е за да не се наруши угледот на земјата, дури и ако тоа што го кажувате е вистина – вели еден корисник.

Без разлика дали му верувате на овој редит-корисник, треба да бидете внимателни кога рецензирате хотели во Тајланд. Важно е да знаете дека клеветата е кривично дело во Тајланд и може да ве доведе до затвор од две години, заедно со парична казна од 5.200 евра.

Веб-страницата „Гардијан“ претходно објави дека групите за човекови права долго време предупредуваат дека законот е драконски и дека е злоупотребен за да се замолчат активистите и новинарите, додавајќи дека за разлика од многу други земји, на вистината не може автоматски да се потпрат како на одбрана.

Искуството на туристка од минатата година е само еден од низата случаи кои можеа да завршат лошо.

Имено, одморалиштето во кое престојувала барало 50.000 тајландски бати (околу 1.300 евра) дневно и 3 милиони бати (околу 78.000 евра) за отштета доколку не ја избрише лошата рецензија што ја дала на веб-страницата „Агода“.