Во новата година уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и коскени ткива од починат донор

Date:

Новата година ја започнуваме со уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива.

На Хируршките клиники се изврши експлантацијата на органите, откако семејство на пациентка во мозочна смрт даде согласнот за донирање.

Нивната желба да подарат некому живот и здравје, донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива. Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат, истакна министерот за здравство.

Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали.

Не радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот. Новата година ја започнуваме со акт на хуманост и добрина. Со надеж и верба, потенцира министерот.

Од Министерството за здравство објавија и фотографии од текот на трансплантацијата.

Првата трансплантација на црн дроб во земјава беше извршена на 24 ноември 2022 година кога исто така донор беше жена на која ѝ беше констатирана мозочна смрт.

Црниот дроб го доби 60-годишен пациент кој по три недели болничка нега, на 13 декември лани замина дома.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Втора лига: Водечките потфрлија, важни победи за Вардар Неготино и за Победа

Изненадувачки резултати донесе 26. коло од Втората фудбалска лига...

Копа дел реј е за Барселона, „кралевите“ немаат лек за каталонскиот гигант оваа сезона

Барселона продолжува да му набива комплекс на Реал Мадрид...

СИН И МАЈКА ОД ГЕВГЕЛИЈА КРИУМЧАРЕЛЕ МИГРАНТИ

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија...

Се потешко се покриваат основните трошоци во Македонија

Што ќе има од овошје и од зеленчук, какви...