Во моментов нема капитал за отворање на македонски конзулат во Корча, кажа премиерот

Date:

Сигурно дека ваков тип на политика нема со транспаренти и тапани да ги водиме. Секако дека ние се грижиме за македонското малцинсто насекаде. Македонците наоколу се жртви на асимилација. Затоа нашата стратегија е првин економски да ја зајакнеме Македонија. Резултат на таа економска бездна во која што ние се наоѓаме се токму оние 180 евра буџет што ги добива македонскиот амбасадор во Тирана. И не само во Тирана, туку и 300 евра добива месечен буџет македонскиот амбасадор во Брисел, 300 долари добива македонскиот амбасадор во САД, бидејќи толку има ова покрадена, опљачкана Македонија која ние се обидуваме некако да ја консолидираме за да можеме со тие пари кои ќе ги консолидираме да отвориме не само конзулат во Корча. Во моментов немаме капитал за отворање на конзулат во Корча. Се надеваме дека наскоро ќе можеме. Подготвен сум да разговарам за секој конструктивен предлог, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница.

Премиерот беше запрашан од лидерот на Левица, Димитар Апасиев дали Владата ќе се заложи да се отвори македонски конзулат во Корча, со цел Македонците да не мора да патуваат четири часа до амбасадата во Тирана за да завршат конзуларни работи.

Македонците во Србија, Косово, Бугарија и насекаде треба да знаат дека еден од главните приоритети на Владата се токму тие. Ако продолжиме да тонеме економски, овие 2300 нема ниту 300 да бидат. Не бевте осамен како член на македонското Собрание таму (во Корча). За да бидеме чесни до крај и да бидеме точни и прецизни, мора да признаете дека вашата колешка Лидија Петковска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ исто така беше на тој настан во Корча, исто како што беше и националнуиот координатор Затуровска и заменик-министерот на надворешни работи Зоран Димитровски, кажа Мицкоски од собраниската говорница.

Премиерот нагласи дека суштинското прашање е зошто во земјава, каде има околу 700-800 Бугари, кои што декларираат дека мајчин јазик им е бугарскиот, треба бидат ставени во Устав, додека Албанија со осум илјади Бугари според бројките од пописот го нема тој услов.

Изминатиот викенд, политичките претставници на Македонците во Албанија ги седнаа на заедничка маса македонската позиција и опозиција. Во Корча на средбата им порачаа дека агресивната бугарска асимилација во Албанија е директно поддржана од албанските власти, а положбата на Македонците е крајно незавидна.

-Грижата за Македонците во Албанија е национален интерес, а тоа го потврдува присуството на власта и опозијата, рече Васил Стејровски претседателот Македонската алијанса за европска интеграција. Мораме да се одбраниме од насилната агресивна бугарска политика и ова не е само политичка туку борба за опстанок, додаде тој.

На средбата беше претставена и Националната стратегија за заштита на македонското национално малцинство во Албанија. Преку неа меѓу другото се бара признавање на правата на Македонците во сите региони каде што живеат, како и отворање на училишта на македонски јазик.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Ќерката на Синди Крафорд го украде шоуто во проѕирна чипкана креација

Оскарите ќе се одржат на 15 март 2026 година...

МЗТ Скопје со еден поен ја доби драмата против ТФТ и остана без пораз на теренот во домашното првенство

МЗТ Скопје Аеродром славеше на гостувањето кај ТФТ Скопје...

Формула 1 нема да се вози во Бахреин и Саудиска Арабија

Формула 1 донела одлука од безбедносни причини да не...

THE LIFE AND WORK OF THE DONOR ATANAS BLIZNAKOV – PART I (1)

INTRODUCTION BY PROF. ALEKSANDAR ANCHEVSKI PhD. The life of Atanas...