Најголемиот дел од вработените во државата земаат плата меѓу минимална и просечна. Но, она што загрижува е фактот што сè уште е голем бројот на оние кои земаат плата под минималец. Според последните податоци од Управата за јавни приходи под минимална плата земаат 9.803 работници, минимална плата земаат 25.156 работници, а од минимална до просечна земаат најголем дел од работниците, односно вкупно 344.624 работници се со т.н. средна плата, досега над 100 илјади работници. Економските експерти сметаат дека овие податоци се запрепастувачки и надлежните треба да ги имаат во предвид при носење на одлуките за минимална плата и за изготвување на понатамошни стратегии.
-Ова е луда бројка. Поголем дел од работниците живеат со 500 евра месечно. Да не заборавиме и тоа што има и такви кои живеат со една плата и кои земаат плата под минималната. Навистина овие бројки се за размислување и треба да се земат предвид кога се прават развојни стратегии и планови каде ни се движи државата. Овие бројки покажуваат кое ни нивото на економијата и на потрошувачката. За да можеме да одиме понатаму и економски да се развиваме како држава мораме да ги задржиме овие 600 илјади вработени, изјави за весникот ВЕЧЕР, Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација на Македонија.
Тој вели дека поради малите плати поголем дел од работоспособното население работи во сивата економија. Поради тоа неопходно е да се зголемат платите за да се обезбеди достоинствен живот, без луѓето да имаат потреба да работат на црно.
-Со оглед на фактот дека многу трошоци се надвор од минималната кошници, како на пример прослави, одмори, бела техника… што е типичен показател дека поголем дел од работоспособното население има во сивата зона. Во политиките за вработување и за сузбивање на сивата економија државата треба да го има предвид фактот дека околу 30 илјади луѓе во државата земаат социјална помош, вели Бошков.
Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека бројките кажуваат колкава е потребата од зголемување на платите во државата.
-Од 531 илјада работници колку што имаат земено плата, околу 80 отсто земаат медијална плата, а околу 90 отсто земаат од работниците земаат под минимална и средна плата. Овие бројки покажуваат дека потребата од зголемување на платите е реална. Ние бараме зголемување на платите за задоволување на основните животни потреби и задржување на стандардот и куповната моќ на граѓаните. Не се само основните производи, поскапени се и струјата, парното, угостителските услуги, лековите…Државата треба да преземе мерки или за зголемување на платите или за намалување на цените, бидејќи со овие плати и овие цени тешко се живее. Тоа го покажува и податокот дека 100 илјади луѓе во државата живеат со 100 денари на ден. Значи, се зголемува стапката на сиромаштија и се намалува квалитетот на живот, изјави за весникот ВЕЧЕР, Иван Пешевски, потпретседател на ССМ.