Граѓаните велат дека најчесто ги користат ваквите брзи кредити кога итно им се потребни пари за да покријат одредени трошоци. Аплицирањето е со минимум документи, најчесто со лична карта, без жиранти и без докажување на приходи, пишува „Слободен печат“.
Наредниот период ќе покаже дали новата регулатива за нефункционална кредитна изложеност ќе ги натера граѓаните да се свртат кон компаниите што даваат брзи кредити? Нивните реклами може да се видат на билбордите, на социјалните мрежи или на флаери.
Се популаризира дека „Првиот кредит е бесплатен“, дека „Земаш колку сакаш, како сакаш, кога сакаш“, дека „Парите се добиваат на сметката за 15 минути“. Се нудат потрошувачки, пензионерски и земјоделски кредити, но и потрошувачки ненаменски кредити и кредити со залог возило, злато или хипотека. Една од рекламните кампањи нуди 1.000 денари ако препорачаш кредит на твојот пријател!
Отплатата на кредитот е на повеќе рати кои може да се плаќаат директно во филијалите на овие финансиски друштва или преку комерцијалните банки. Дел од нив дури нудат можност и за одложување на рокот за отплата од неколку дена до еден месец. Сѐ поприсутните јавни критики на финансиските друштва поради несоодветната идентификација на клиентите при одобрувањето онлајн кредити и злоупотребата на туѓите лични податоци за добивање кредити од овие друштва е причина за новата кампања за заштита на личните податоци.
– Сите финансиски друштва се трудат да се брендираат, а рекламите се користат за да се допре до граѓаните и тие се запознаат со нивната работа и да стекнат доверба. Во секое општество постојат луѓе што не може да бидат услужени од банките, па се обраќаат до овие друштва. Дел од друштвата користат рекламни кампањи кои со години постојат во САД. А што се однесува до високите трошоци на овие друштва, тие произлегуваат од фактот дека нивните пари се скапи, бидејќи се финансираат од сопствени средства – велат во Групацијата за финансиски друштва при СКСМ.