Во Македонија каменуван автобус со српски туристи што се враќале од Грција

Date:

Српски автобус, кој се враќал од Грција, бил нападнат од група малолетници, кои фрлале камења кон возилото кај надвозник во Македонија, известуваат српските медиуми.

Како што пишуваат, нема повредени, но сите патници биле под стрес, особено децата што биле во автобусот.

„Вечерва, на враќање со автобус од Грција се случи нешто непријатно. Од надвозникот во Македонија бевме гаѓани со камен право во стаклото кај возачот. За среќа, стаклото не се скрши целосно и децата што седеа таму не беа повредени. Ние подоцна бевме известени дека тоа го направила група малолетници, дека не сме први на кои ова им се случува и дека ова е често. Ете само да им укажам на возачите да внимаваат при минување под надвозникот во Македонија“, пишува на фејсбук-страницата „Лајв фром Грис“.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Овој рецепт содржи моркови, кои се богати со витамини...

Трамп му понуди на Мерц да купи двојно повеќе ракетни системи „патриот“

Американскиот претседател Доналд Трамп му понудил на германскиот канцелар...

Православната Црква во Америка ја призна автокефалноста на Македонската Православна Црква

Одлука дека ја признава каноничноста на Македонската Православна Црква...

Алармантни податоци: 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА алармира...