Во Македонија за три недели од грип починале шест лица: Сите биле невакцинирани

Date:

Шест лица починаа од грип во Македонија за три недели, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски.

– Тоа не е мала бројка. Мислам дека сите беа невакцинирани. Некои од нив се во возрасната група над 65 години, некои од 25 до 65 години – рече Петличковски на прес-конференцијата по седницата на таа комисија.

Директорката на Клиниката за инфективни болести во Скопје, Милена Стевановиќ, изјави дека последниот смртен случај од грип е жена на возраст од околу 45 години со сериозни ризик од тешко заболување, со бројни коморбидитети, која починала на таа клиника.

– Седум лица заболени од грип во моментов се хоспитализирани на Инфективната клиника, пет со потврда, а двајца се на чекање. Шест лица се хоспитализирани со коронавирус – рече Стевановиќ.

Таа додаде дека бројките растат и за кратко време ќе го достигнат својот врв и затоа сите треба да бидат внимателни.

– Грипот може да биде сериозна болест и треба да се сфати сериозно. Вакцината е најмоќното оружје во борбата против грипот и тоа треба да се има на ум – рече Стевановиќ.

Комисијата за заразни болести препорача да се носат маски во здравствените установи и домовите за заштита на старите лица.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

PART OF THE TRUTH ABOUT MACEDONIA IN THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” PART I (1)

Throughout history, numerous authors have served many lies and...

ОСТАНУВАЊЕТО НА ОРБАН НА ВЛАСТ Е ВО ИНТЕРЕС НА САД, КАЖА РУБИО ВО БУДИМПЕШТА

Доналд Трамп е посветен на успехот на Виктор Орбан...

Над 200 евакуирани по поплавите, ДЗС интервенира во повеќе региони

По обилните врнежи што зафатија повеќе делови од државата,...

ЕУ не ги одби камионџиите, засега нема блокади на границите се бара итно преодно решение!

Европската унија не ги отфрли барањата на камионџиите. Стратегија...