Во двор од куќа во битолско пронајдена неексплодирана граната

Date:

Во Полициското одделение Новаци, 54-годишниот Љ.Б. од село Добрушево, Битолско, пријавил дека во дворот од неговата куќа пронашол минофрлачка граната калибар 62 мм од Првата светска војна.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола ја подигнал експлозивната направа за понатамошна постапка, извести МВР.

Истиот ден во 11:40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во атар на село Пашино Рувци, Прилепско, била пронајдена артилериска граната.

Од увидот било констатирано дека се работи за артилериска граната од 105 мм од Првата светска војна.

Гранатата била безбедно подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти МВР.

Во Пелагонискиот регион се уште има заостанати убиствени средства од минатите војни, кои и денес можат да бидат опасни ако со нив не се ракува правилно.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ЕТНОГЕНЕЗАТА – ПОТЕКЛОТО НА ДРЕВНИТЕ (АНТИЧКИТЕ) МАКЕДОНЦИ (5)

ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“...

Дејвис Куп: Македонија загуби од Летонија, но обезбеди пласман во Втората Европска зона

Македонската Дејвис Куп репрезентација ја оствари главната цел на...

Германско финале во ЛШ: Магдебург по голема драма ја победи Барса

Магдебург се пласираше во финалето на Лигата на шампиони,...

Киноа-салата со печен сладок компир, авокадо и фета

Оваа салата е вистински фестивал на бои и вкусови...