Магичниот свет на Хари Потер ќе се појави на новите британски поштенски марки, откако Британската пошта реши на овој начин да му оддаде посебна почит на познатиот литературен и филмски лик.
Поштата ќе издаде 16 нови поштенски марки, вклучувајќи и главен сет од 10 поштенски марки со сцени и ликови од фантастичниот книжевен серијал – Хари Потер, Хермиона Гренџер, Рон Визли, Лорд Волдеморт и други. Останатите шест марки ќе прикажуваат суштества од светот на волшебниците.
Фонтот што е искористен за означување на вредноста на марките е истиот фонт што беше користен и во филмовите.
„Книгите и филмовите за Хари Потер станаа модерни класици ширум светот“, рече директорот за односи со јавноста на поштата, Дејвид Голд.