Битолската полиција трага по возрасен маж кој е можен подметнувач на пожарот во битолската населба Стрелиште и на други пожари во овој регион.

Само во Битолско во последните два дена имаше 10 пожари.

Сведок тврди дека видел лице кое подметнувал пожари.

Локацијата на еден од пожарите била меѓу две бензински пумпи, но пожарникарите не дозволија огнот да се прошири и предизвикана е незначителна штета.