Во Битола има работодавач кој ги заклучува работниците и не им плаќа колку што работат

Date:

Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ е загрижено поради грубото прекршување на работничките права низ целата држава. Оттаму денеска информираад дека активни случаи на грубо прекшување на работничките права, во моментот имаат кај правни лица низ градовите Штип, Битола, Македонски Брод, Македонска Каменица и Свети Николе.

Според здружението, во Штип еден работодавач започна да работи и во недела иако истиот според Законот за работните односи е ден на неделен одмор, согласно чл.134 ст.2 од Законот.

Во индустриската зона во Штип, бидејќи имаме членови кои се дел од ГЛАСЕН СИНДИКАТ, ни беше јавено дека има грубо прекршување на работничките права, како што е воведување на 10 часовно време. Ние како Синдикат реагиравме веднаш и истите неправилности беа отстранети. Во Македонска Каменица работниците се пријавени на 2 часа иако работат 8 часа а три пати во неделата работат прекувремено и по 11 часа, додаваат оттаму.

Во своето соопштение информираат и дека во Свети Николе, еден работодавач бидејќи имал регистрирано две фирми, работниците ги префрла од една во друга фирма и договорот за вработување го трансформирал од договор на неопределено време во договор на определено време.

-Работниците се членови на СТЧК кој е дел од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), немаме наши членови, но сепак е побарано правна помош и совет од наша страна. Упатуваме апел до ССМ да ги проверат договорите и дали е направена манипулација и злоупотреба на работничките права, а потоа да побараат и нивно раскинување. ССМ и СТКЧ имаат одговорност пред своите членови кои секој месец издвојуваат членарина за синдикат кој треба да има слух за нивните проблеми, посочуваат од „Гласен текстилец“.

Во Битола, додаваат од здружението, имаме работодавач каде работниците се заклучени, имаат постојана прекувремена работа, која не е евидентирана и не е платена.

-Овој тренд на прекршување на работничките права загрижува, особено по изјавите и барањата на Стопанската Комора која е претставувана од страна на Бранко Азески каде што се бара намалување на правата на работниците, односно е покрената иницијатива за враќање на недела да биде работен ден иако ние како Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“- Штип и како Гласен Синдикат на работниците се изборивме за законска измена со што нашето барање беше усвоено за недела да биде ден на неделен одмор како што е согласно чл.134 ст.2 од Законот за работните односи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...