Во Австралија случајно пронајден еден од најопасните пајаци во светот

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Еден од најголемите и најотровни пајаци на светот најде нов дом во австралискиот парк за рептили, откако човек случајно го приметил шетајќи се во близина на Сиднеј. Ваквиот вид на пајак е најотровен и најголем од неговиот вид, но не и меѓу сите пајаци.
Потенцијално смртоносниот австралиски пајак наречен „Херкулес“ е пронајден на централниот брег, околу 80 километри северно од Сиднеј, и првично бил даден во локална болница, се вели во соопштението на австралискиот парк за рептили, пренесува Гардијан.
Експертите го извлекле и набрзо сфатиле дека станува збор за најголемиот машки примерок што некогаш бил добиен од јавноста во Австралија. Пајакот е со големина од 7,9 сантиметри од нога до нога, надминувајќи го претходниот рекордер во паркот од 2018 година, пајакот наречен „Колосус“.
Најголемиот ваков пајак дониран на австралискиот парк за рептили била женка со димензии од 8 сантиметри – споредливо со тарантула. Пронајден бил во 2021 година и го добил името „Мегаспајдер“.
Должината на овој вид пајаци обично се движи од 1-5 сантиметри, при што женките се генерално поголеми, но не толку смртоносни. Тие претежно се наоѓаат во шумските области и приградските градини од Сиднеј, најнаселениот град во Австралија, до крајбрежниот град Њукасл на север и Сините Планини на запад.
„Херкулес“ ќе придонесе за антиотровната програма на паркот за рептили. Безбедно заробените пајаци предадени од јавноста се подложени на „молзење“ за да се извади отровот, неопходен за производство на спасувачки противотров.
Од почетокот на програмата во 1981 година, во Австралија немало смртен случај од каснување од пајак од овој вид. Неодамнешното дождливо, влажно време долж источниот брег на Австралија обезбеди идеални услови за развивање на овие пајаци.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Оригинален рецепт за трилече

За потеклото на овој колач, чие име во превод...

Џесика Алба по разводот ужива во бикини

Холивудската убавица, актерката Џесика Алба неодамна стави точка на долгогодишниот...

Даниел Редклиф се појави со девојката

Даниел Редклиф ги почасти сите свои обожаватели со ретко...

Холивудскиот предатор повторно обвинет за сексуален напад

Во средата започнаа воведните изјави на повтореното судење на Харви...