Научно е докажано дека мачките се поврзани со луѓето и се однесуваат заштитнички, а тоа го покажува и примерот од Австралија.

Иако кучињата се познати како животни кои ќе го ризикуваат животот за да ги спасат луѓето, и мачките се исти како нив.

Во Бризбејн во Австралија, мачорот Артур нападна отровна змија за да ги заштити малолетните деца на неговите сопственици.

Благодарение на храброста на мачорот, децата не се повредени, но во текот на борбата змијата успеала да го касне Артур пред да умре. За жал, ден подоцна почина и храбриот мачор, и покрај напорите на ветеринарите да го спасат.