ВОЈУВАЊЕ НА АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ВО ИНДИЈА (16)

Date:

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН – II ДЕЛ

Таксил го прими со многу вредни подароци и му посака добредојде во Таксилија, неговиот главен град. Неговиот статус беше потврден од Александар Македонски и беше третиран како вазален принц, бидејќи на заминувањето од Таксилија. Александар остави гарнизон.

Овде Александар Македонски со придружбата се запозна со чудата на Индија, со нејзините необични навики и обичаи, а неговите научници започнаа да ја испитуваат индиската флора. Во Таксилија прво се запозна со калуѓерите „гимнософисти” што претходно беа опишани. Еден од нив, Калан, се приклучи кон кралскиот логор и отиде заедно со нив до Персија каде што се разболе и на изненадување на војската го заврши својот живот со филозофски молк на погребна клада.

Сé уште се зачувани фрагменти од книга за Александар од Онесикрит, еден од неговите придружници, во кои, на романтичен стил и со филозофска и историска природа, го дава разговорот што го водел со некој од калуѓерите во Таксилија со помош на преведувач.

Како раскажување е двосмислено, а во фактот што разговарале Онесикрит и гимнософистите (калуѓерите) не треба да има сомнение; интересно е да се види како овој циник и ученик на Диоген, иако наишол на циничка доктрина во општа смисла кај овие индиски испосници со нивниот едноставен и аскетски живот, ги претставува како вистински циници со цинички идеи за монархијата и за државното право на светот.

Од друга страна, пак, во деловите што се зачувани од разговорот меѓу калуѓерите и Александар Македонски инвентивно се измислени во наредниот период и несомнено се пренесени сред членството на циничкиот круг, кои немаа почитување кон Александар Македонски, какво што имаше Онесикрит.

Таксил испрати свои амбасадори кај Александар Македонски во Согдијана, бидејќи со тоа се надеваше оти ќе се заштити од непријателските соседи, Абисар кралот на Кашмир и Порус, како што античките Грците го викаа кралот Паурава, чие големо кралство источно од Хидасп го присвои за себе.

Додека Абисар настојуваше да го измами Александар Македонски во своите вистински намери со испраќање на амбасадор и со вредни подароци, склучи сојуз со Порус, кој собра силна војска од другата страна на брегот на реката Хидасп за да го спречи Александар Македонски да ја премине реката. Таму, во средината на летото на 326 година се случи уште една значајна борба во која Александар Македонски учествуваше последен пат.

Од битките во Индија

Што се однесува до историјата на војната и на судот на неговата способност како генерал, оваа битка е многу интересна. Таа е сосема различна од трите претходни. Во нив тој се придржуваше кон основните принципи на косиот строј на војување, но тука употреби сосема нови тактички идеи и без придржување кон некои определени шеми одлучи да војува според посебните услови. Неговата задача беше да го засили преминувањето и да го порази непријателот.

Отспротива, на левиот брег, се наоѓаше Порус со 200 слонови и 300 борбени коли, како и со голема пешадија и коњица. Згора на тоа, реката беше надојдена од тропските дождови. Бидејќи Александар Македонски не се осмелуваше директно да ја премине реката откај кампот што го имаше поставено на десниот брег, се послужи со воено лукавство. Повторувањето на ноќните маневри го замори непријателот, се додека не се откажа не верувајќи во сериозноста на непосредниот напад.

Една ноќ без да привлече внимание Александар Македонски отиде спротиводно до едно згодно место каде што успеа да ја премине реката со 5.000 коњаници и 6.000 пешаци, оставајќи го Кратер зад себе со својата војска. По пристигнувањето од другата страна, Александар Македонски наредното утро го започна својот марш против Порус.

Тој лично одеше напред со коњицата и нареди пешадијата да го следи. На веста за она што таму се случуваше, Порус прво испрати во пресрет мала дивизија под команда на својот син, кој беше поразен и се предаде.

Во меѓувреме, Порус ги доведе своите главни единици и ги построи во борбена линија на погодно место. Во центарот беа 200-те слонови, меѓу нив и назад пешадијата од околу 20.000 до 30.000 луѓе, така што слоновите стоеја како градски бедем, а на крилата беше сместена коњица, чиј што број се движеше од 2.000 до 4.000, како и 300-те бор-бени коли.

Кога Александар Македонски се приближи и ја виде нивната силна позиција пред себе, премина право од марш во напад, како што тоа го направи кај Граник. Се соочи со вкупно околу 11.000 војници, многу супериорен број, но неговите 5.000 коњаници беа повеќе отколку на Индијците. Според тоа, тој настојуваше со брилијантен напад да ја ангажира прво коњицата пред да дојде неговата пешадија.

Планот беше исполнет до совршенство. Го задржа левото крило на коњицата под команда на Коен, додека Александар Македонски лично со десното го нападна спротивното лево крило на индиската коњица и, така, како што очекуваше, ја привлече непријателската коњица да дојде на помош.

Тогаш Коен со својот распоред направи круг: отиде напред во заднината на комбинираната индиска коњица која се судри лице в лице од двете страни. Како резултат на тоа, индиските јавачи на слонови почнаа да бегаат.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Ракометарите поразени во Литванија во квалификациите за пласман на ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија доживеа пораз во Литванија (29:27)...

Поевтино е да се гледа Леброн во НБА, отколку Брони во Развојната лига

Брони Џејмс синоќа официјално дебитираше за тимот на Саутбеј...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ОБЕДИНУВАЧ НА ЦЕЛИОТ ИСТОК (31)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ „УЛОВЕНА“ СО НОВО МОМЧЕ, НЕ ГО ПУШТА ОД РАЦЕ

Поп ѕвездата и актерка Џенифер Лопез по разводот од...