Војската ќе биде поддршка на полицијата во обезбедување на затворите и нема да има допирна точка со лицата кои се наоѓаатна издржување казни во затворот Идризово, изјавија од Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски за Фокус.
“Ангажманот на припадниците на армијата ќе биде идентичен како и за време на Ковид – 19 пандемијата кога обезбедуваа надворешен периметар на стратешки важни објекти, а за кој ангажман јавноста имаше позитивно мислење. Војската ќе биде поддршка на полицијата и нема воопшто да има допирна точка со лицата кои се наоѓаат на издржување на нивните казни во ‘Идризово’,изјавија од кабинетот на претседателот Пендаровски.
Ваков одговор дадоа од Кабинетот на Претседателот по обвинувањата од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки дека со одлуката припадници на АРМ да обезбедуваат затвори е направен преседан и кој ќе одговара ако дојде до суир меѓу затворениците со војниците.
Од Кабинетот на Пендаровски велат дека припадниците на Армијата се ангажирани во обзбедување на затворот „Идризово“во рамките на одлуките донесени од страна на групата за процена на безбедносни закани како и управувачкиот комитет одржани во Центарот за управување со кризи
„Утврдено е дека постои безбедносен ризик односно потреба од зајакнување на обезбедувањето на Казнено – поправниот дом ‘Идризово’.
“Владата неодамна утврди кризна состојба на подрачјето на општината Гази Баба и со цел да спречат безбедносни закани, следствено на одлуката на влада, а по барањето на ЦУК, претседателот Пендаровски ја донесе наредбата припадници на Армијата во наредните 30 дена да го обезбедуваат затворот, а на нив ќе им се приклучат и припадници на МВР“, рекоа од кабинетот на Пендаровски.