ВОЈНАТА МЕЃУ ПОДУНАВЦИТЕ И ФЕНИЌАНИТЕ (27)

Date:

Во војната ,,Седуммина против Теба“, која, всушност, била војна меѓу Подунавците и Фениќаните, Амфијара се истакнал во борбите. Зевс го сторил бесмртен. Учествувал во ловот на Калидонскиот вепар, во походот на Аргонаутите и на свеченостите приредувани во чест на Пелиј. Митот за него е честа тема во античката литература, во поезијата и драмската уметност, од страна на Еврипид, Есхил и др.

Алкмеон, како и неговиот татко Амфијара пред тоа, учествувал во вториот поход против Теба по десет години, зашто претходниот пропаднал. Во оваа војна Алкмеон бил водач на походот. Се истакнал во борбите, го убил тебанскиот крал Лаодамант и прв влегол во градот. Алкмеон се женел три пати, а еден од неговите синови бил Акарнан.

Акарнан имал трагичен живот, а митот за него го обработувале Еврипид и Софокле. Тој бил епонимен херој и по него Акарнанија го добила името.

Помладиот син на Амитаон, Бијант, брат на Мелампод, кога дошол во Месена кај својот роднина Нелеј, крал на Пила, се вљубил и ја побарал неговата ќерка Перо. Кралот му ја ветил девојката под услов најпрво да ги донесе прочуените говеда на Филак од Тесалија. Бијант тргнал за Тесалија и залудно се обидувал да ги украде, зашто говедата ги чувал страшен и секогаш буден пес. Само благодарејќи на пожртвуваноста на неговиот брат Мелампод, планот успеал.

По враќањето во Пелопонез, Нелеј ги добил бараните говеда, а Бијант раката на убавата Перо. Со заслуга на Мелампод, Бијант добил и дел од Претовото аргивско кралство. Со Перо Бијант имал повеќе деца, од кои најпознат бил Талај. Подоцна, кога Бијант станал владетел на Арг, се оженил со Лисипа, која му ја родила ќерката Анаксибија.

Синот на Бијант, Телај, учествувал во походот на Аргонаутите и имал повеќе деца меѓу кои биле: Партенопеј, Пронакт, Мекистеј, Адраст, Ерифил и др.

Партенопеј пораснал во Арг, се истакнувал со исклучителна убавина и џиновски раст. Бил еден од војсководителите во походот „Седуммина“ на Теба против Кадмејците. Во борбите се истакнал со голема храброст, но го усмртил Актор.

Пронакт бил крал на Арг и бил почитуван како херој. Негови деца биле Ликург и Амфитеј.

Мекистеј, исто така, учествувал во походот „Седуммина“ на Теба, каде што и загинал. Неговиот син Еуријал се споменува во митологијата меѓу Епигоните и како учесник во Тројанската војна (Хомер, I 1, II 559 и понатаму).

Адраст бил крал на Арг и бил оженет со Амфитеја која му родила шест деца. Учествувал во првата војна против Теба и бил еден од војсководителите. По десет години, Адраст повторно организирал поход против Фениќаните на Теба со синовите на оние кои загинале во претходната војна. Овојпат „Епигоните“ ја освоиле Теба и ги протерале Фениќаните, но Адраст умрел скршен од болка заради смртта на својот син Егијалеј. Адраст бил почитуван во повеќе елински градови.

Син на Егијалеј и внук на Адраст бил Кијанип кој бил крал на Арг, учесник во Тројанската војна и еден од оние кои се наоѓале во дрвениот коњ. Трет син на Тира и Кретеј бил Есон, крал на Јолк, каде што живееле и многу Минијци (Гревс, 148, 9). Се оженил со Алкимеда, внука на кралот Миниј.

Нивни син бил Диомед, познат во митологијата како Јасон. Есон владеел со Јолк додека од престолот не го симнал неговиот полубрат Пелиј, вонбрачен син на Тира и богот Посејдон. Пелиј го затворил Есон и барал да се откаже од наследството.

Јасон бил јунак на митот за Аргонаутите и тесалиски херој, чија легенда во трудот „Аргонаутика“ ја опишал Аполониус (Apollonius Rh.) (295-230 година пред Христа). Јасон имал несреќно детство бидејќи неговиот чичко Пелиј, заради наследство, сакал да го уништи без трошка милост.

Јасоновата мајка, за да го спречи тоа, применила лукавство. Ги собрала своите роднини да тажат над него како над мртвороденче, а потоа го однела од градот Јолк во Магнезија, на планината Пелион, кај мудриот кентаур Хирон. На Пелион, Диомед го одгледувале Хироновата мајка и ќерка, а Хирон го научил на лекарска вештина, па оттаму и името Јасон (од зборот iasis-лекување, излекување и лекар-iater, iatar).

Аргонаути

По дваесет години Јасон решил да отиде во Јолк за да ја побара кралската власт. Кога дошол до надојдената река Енипеј, забележал старица која, стоејќи на брегот, ги молела минувачите да ја пренесат преку реката, но никој не се сожалил освен Јасон. Тој ја пренел на својот грб од другата страна на брегот. Во речната кал Јасон ја изгубил едната сандала. Старицата, всушност, била маскирана божицата Хера, која подоцна во животот секогаш му помагала.

Во Јолк, Јасон се појавил на градскиот плоштад, силен и убав како бог, со две копја во раката, нагрнат со крзно од пантер, но без една сандала. Сите се прашувале кој бил овој дојденец. Кога кралот Пелиј го видел новодојдениот, се сетил на едно пророштво да се чува од човек со една сандала, па грубо го прашал кој е и како се вика татко му. Тој одговорил дека се вика Јасон, дека претходно го нарекувале Диомед и дека е син на Есон.

Рекол дека дошол во својот роден крај за да ја побара кралската власт, која му припаѓа по татко. Пелиј се преправал дека е подготвен да го стори тоа под услов да му го донесе Фриксовото златно руно од Колхида на Кавказ.

Со помош на Хирон и Хера, Јасон ги собрал најдобрите јунаци и ја изградил лаѓата Арго (брз) со педесет весла. Потоа отпловил кон Колхида. По многубројни перипетии и со помош на Медеја, ќерка на кралот на Колхида Ејет, која се заљубила во Јасон, тој го убил змејот, чувар на „златното руно“. Кога го зеле пленот, Аргонаутите заедно со Медеја веднаш се натовариле на Арго и брзо отпловиле од Колхида, гонети од лаѓите на Ејет. За враќањето на Аргонаутите постојат повеќе преданија.

Пелиј го убиле неговите ќерки Пелијади, благодарејќи на мамката на волшебничката Медеја дека ќе го подмлади нивниот татко ако претходно го распарчат. Плашејќи се од освета, Јасон му го препуштил кралството на синот на Пелиј, Акаст. Според една легенда, Јасон заедно со Медеја отишол на Истам, додека, пак, Акаст го погребал таткото со најголеми почести.

По повод смртта на Пелиј биле организирани натпревари на кои учествувале елинските јунаци, како што биле Херакле, Пелеј и др., но и јунаци од северните земји, како што биле Бореадите, Македонците Кикно, Орфеј итн.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Е. Пелистер добро се намачи за да го победи Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа над Охрид...

Кристал Палас направи чудо и го победи Манчестер Сити во англискиот ФА куп

Тоа беше ден кој засекогаш ќе живее во срцата...

Пјастри најбрз и на квалификациите на Имола

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред...

Рецепт за домашен сок од јагоди кој се подготвува брзо и лесно

Во сезоната на јагоди кога пазарите ќе замирисаат на...