Австралиецот со македонско потекло, Александар Волкановски до сега во УФЦ кариерата има 25 победи и само 2 порази. Претстојниов викенд ќе има можност да го потврди статусот најдобар „перо“ УФЦ борец во историјата.

Алекс по излетот и авантурата во погорна категорија, сега се врати во својата категорија во која дури пет пати беше апсолутен шампион. Во сабота на новиот настан УФЦ 290 го чека повремениот шампион кој „го лапна“ шампионскиот појас во отуство на Волкановски, Јаир Родригез.

Волкановски има 25 победи на 27 ММА борби а двата порази ги претрпе во повисоки категории, надвор од неговата омилена. Во последната борба контроверзно загуби на бодови од Ислам Махачев во февруари годинава.

Во јули минатата година „Волкот“ со едногласна одлука на судиите беше прогласен за победник на борбата со Макс Холовеј за одбрана на појасот во „перо“ категорија.

Сега го чека нов предизвик, против помладиот, 30-годишен Мексиканец.