Волкановски во новата борба ќе носи специјални шорцеви со македонско знаме

Date:

Легендарниот ММА борец Александар Волкановски долго време доминираше во категоријата до 66 килограми во УФЦ, но во последно време не му оди баш најдобро во октагонот.

Поранешниот шампион претрпе три порази во последните четири дуели, а во последните два меча доживеа тешки нокаути – oд Ислам Махачев и Илија Топурија.

Волкановски сега има можност да се врати на победничкиот пат, но задачата не е лесна. Тој ќе се натпреварува во главната борба на настанот УФЦ 314, а противник ќе му биде Бразилецот Дијего Лопез, кој стана познат во Мексико.

Волкановски (26-4) ќе има специјална опрема за УФЦ настанот кој е закажан за викендов.

Се работи за шорцеви на кои има бои и симболи на три држави – татковината на Александар, Австралија, и земјите од каде што 36-годишникот од Волонгонг има корени. Неговата мајка е со грчко потекло, а таткото со македонско. Потекнува од селото Беранци.

УФЦ 314 започнува во недела наутро од 04.00 по средноевропско време и ќе се одржи во „Касеја центарот“, сала во Мајами каде што настапува и НБА тимот Хит.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ИЗБОР НА ЗНАЧАЈНИ ТРУДОВИ ОД РАЗЛИЧНИ ОБЛАСТИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (61)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Публикацијата...

Пановски за “криењето” на резултатите за Гостивар: Во интерес на истрагата може да умре пациент

Микробиологот Никола Пановски преку објава на социјалните мрежи упати...

На едно семејство му требаат 68. 498 денари месечно за основните трошоци

Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68. 498 денари...