Возобновена традиција: Божествена Литургија на врвот Крчин

Date:

На врвот Голем Крчин, во 2016 година, за првпат, по 80 години, беше отслужена Литургијата на местото каде што некогаш имало храм посветен на Преображението Господово, а денес стојат само остатоци од него.

Возобновената традиција на служење на Света Евхаристија на планинскиот врв Голем Крчин, се реализира и годинава. Голем број верници, планинари, алпинисти, спортисти учествуваа во искачувањето на врвот, на надморска височина од 2.341 метри и беа дел од светата литургија на Бигорската свештена Обител.

-Веќе деветта година по ред, откако со благослов на нашиот Старец, епископот г. Партениј, беше возобновена традицијата за служење на Света Евхаристија на планинскиот врв Голем Крчин, нашиот Тавор на Преображението, нашиот рид на радоста, дел од браќата монаси и сестрите монахињи зедоа подвиг на восходење и на молитвено учествување во Божествената служба, на која ѝ се приклучија и голем број духовни чеда на нашите манастири, информираа од Бигорски манастир.

Чекор по чекор, и оваа година, додаваат, владиката Партениј, кој е учител на љубовта и радоста, повторно ни го подари својот благослов да се радуваме на возвишението на Крчин, заедно со голем број љубители на висините, со срца полни надежи и копнежи.

На врвот Голем Крчин, во 2016 година, за првпат, по 80 години, беше отслужена Литургијата на местото каде што некогаш имало храм посветен на Преображението Господово, а денес стојат само остатоци од него.

Врвот Голем Крчин е највисокиот врв на планината Крчин и се извишува над селото Битуше. Планината се протега во продолжение на планината Дешат и е дел од поголемиот венец Шара – Кораб – Дешат – Крчин – Стогово – Караорман.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Оригинален рецепт за трилече

За потеклото на овој колач, чие име во превод...

Џесика Алба по разводот ужива во бикини

Холивудската убавица, актерката Џесика Алба неодамна стави точка на долгогодишниот...

Даниел Редклиф се појави со девојката

Даниел Редклиф ги почасти сите свои обожаватели со ретко...

Холивудскиот предатор повторно обвинет за сексуален напад

Во средата започнаа воведните изјави на повтореното судење на Харви...