Возило излетало на железничката пруга, извлечени две повредени лица

Date:

Едното од лицата, според соопштението на ЦУК, било потешко повредено и се наоѓало во возилото кое било заглавено на железничката пруга.

Две лица вчера биле извлечени од патничко возило откако излетало од регионалниот пат Велес-Градско и се заглавило на блиската железничка пруга, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Оттаму велат дека возилото излетало од патот поради неприспособена брзина, по што нивните екипи во брза спасувачка акција ги извлекле двете повредени лица.

Акцијата морала да се заврши во определено време, односно до наредно поминување на возот на овој дел од пругата.

„Акцијата беше ограничена со време. Покрај пожарникарите, на терен интервенираа и полицијата, итната медицинска помош и екипите на АМСМ и на ЈП ‘Македонски железници‘“, велат од ЦУК.

Едното од лицата, според соопштението на ЦУК, било потешко повредено и се наоѓало во возилото кое било заглавено на железничката пруга.

„Хаварисаното возило мораше да се отстрани брзо од пругата до наредното поминување на возот Велес-Градско, односно во период од 15 до 17 и 30 часот“, информира ЦУК.

Повредените лица биле пренесени во велешката болница.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Познат распоредот на младата репрезентација: Прво гостување во Полска, потоа на домашен терен со Италија

Македонската репрезентација до 21 година, вчера ги доби противниците...

Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината

Карлос Алкарас не пронајде вистински противник во Андреа Вавасори...

Кирјиос: Лудилото со допингувани тенисери мора веднаш да запре!

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјиос, даде изјава...

Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето...