Демијан Лилард го предводеше Портланд до победа над Јута, реализирајќи дури 60 поени на натпреварот одигран утринава во НБА лигата.
Првата ѕвезда на Портланд блескаше на теренот и уфрли девет тројки, стигнувајќи до делба на вториот најдобар реализаторски ефект оваа сезона.
Во редовите на Јута најдобар поединец бил Марканен со 24 поени.
Шампионот Голден Стејт ја доби драматичната завршница на дуелот со Мемфис, а најефикасен бил Стеф Кари со 32 поени. Морент со 29 поени и овојпат се истакнал во редовите на Гризлис.
Денвер немаше сила да го изненади Милвоки без Јокиќ и Мари во составот, па дербито им припадна на Бакс, во чии редови Адетокумбо стигна до 33 поени.
Орландо – Индијана 126:120
Филаделфија – Бруклин 137:133
Хјустон – Вашингтон 103:108
Милвоки – Денвер 107:99
Њу Орлеанс – Минесота 102:111
Оклахома – Атланта 132:137
Портланд – Јута 134:124
Сакраменто – Торонто 95:113