Кошаркарите на Голден Стејт го победија Милвоки со 125:90, а Сакраменто Кингс славеа победа над ЛА Лејкерс со 130:120 во дербито во Калифорнија.
Голден Стејт Вориорс реагираа по кошмарната ноќ во Бостон (140:88) и на најдобар можен начин одговорија во следниот натпревар. Вориорс славеа на Милвоки Бакс со 125:90.
Стеф Кари офанзивно го предводеше домашниот тим со 29 поени (6/10 за три), Џонатан Куминга додаде 20 поени, но најсилен впечаток остави дебитантот Трејси Џексон Дејвис, која за 19 минути постигна 15 поени.
Адутот на Кер од клупата го заврши мечот со четири блокади, од вкупно 13 на Вориорс, што е нивни рекорд оваа сезона.
Кај гостите најефикасен беше Јанис Адетокумбо со 23 поени. Демијан Лилард и Боби Портис постигнаа по 20.
Изминатата ноќ во НБА ја одбележа и предводникот на Сакраменто, Диерон Фокс со 44 поени, што е и негов рекорд во кариерата.
Голема помош доби од Домантас Сабонис, кој забележа нов трипл-дабл оваа сезона, негов четврти во последните седум натпревари. Овој меч го заврши со 16 поени, 20 скока и 13 асистенции.
Така Сабонис стана само шестиот играч во историјата на НБА кој одиграл најмалку 22 трипл-дабл во една сезона.
Малик Монк беше втор стрелец кај гостите со 26 поени.
Во поразениот тим лидер беше Леброн Џејмс со 31 поен, Руи Хачимура додаде 29, а Ентони Дејвис забележа 14 поени и 11 скока.
НБА резултати:
Вашингтон – Орландо 109:119
Атланта – Кливленд 112:101
Хјустон – ЛА Клиперс 116:122
Филаделфија – Мемфис 109:115
Јута – Чикаго 117:119
Портланд – Оклахома 120:128