Денвер со убедливи 130-104 го победи Далас, Никола Јокиќ ја одигра својата најлоша партија оваа сезона, но и покрај тоа неговиот тим победи, Дончиќ блескаше, но залудно, немаше поддршка од соиграчите.
На вчерашното дерби меѓу Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, Србинот имаше разочарувачка партија. Не беше двоцифрен во ниту една категорија иако на теренот помина 28 минути. Јокиќ постигна 8 поени, имаше 9 скока и 7 асистенции. Поради високото водство тој ја преседе последната четвртина на клупата, иако теоретски имаше шанса за тенок трипл-дабл.
Но, подпросечното издание на Јокиќ за негови стандарди, го надополнија неговите соиграчи. Дури осум кошаркари на Денвер беа поефикасни од од него. Мареј постигна 22 поени, Гордон 21, Џексон 20.
Ситуацијата во Далас беше спротивна. Нивната главна ѕвезда, Лука Дончиќ блескаше, но останатите беа лоши. Словенецот постигна 38 поени, имаше 11 скокови и 8 асистенции. За тоа колку беа очајни неговите соиграчи говори фактот дека двоцифрен кај гостите беше уште Данте Ексум со 11 поени.
Резултати:
Кливленд – Хјустон 135-130
Индијана – ЛА Клиперс 127-151
Филаделфија – Чикаго – 104-108
Атланта – Детроит 130-124
Мајами – Минесота 108-112
Торонто – Шарлот 114-99
Оклахома – Мемфис 116-97
Денвер – Далас 130-104
Јута – Бруклин 125-108
Сакраменто – Вашингтон 143-131
ЛА Лејкерс – Њујорк 109-114