Основниот кривичен суд Скопје го осуди со казна затвор од две години и три месеци 21-годишниот Шукри Зеќири од Скопје, кој на 12 октомври на булеварот „Никола Карев“, на делот познат како „Пластичарска“ усмрти десетгодишно дете.
Како што од претходно познато, сообраќајната несреќа се случила на неодбележан простор за минување на улица, а возачот избега од самото место. На завршните зборови пред неколку дена, Зеќири рече дека избегал од страв да не биде претепан.
– Од тоа нема поголема тежина да изгубиш дете. Очекувавме казна од 10 години најмалку. Ако имаме држава, казната требаше да биде поголема, рече таткото Себастијан пред новинарите и најави жалба.
Зеќири ќе продолжи во куќен притвор се до правосилност на одлуката.