Седумнаесетгодишниот Ѓорѓи Николовски го извлече крстот од осветените води на Вардар.
Во осветените води на Вардар кај Велес, на денешниот празник Богојавление – Водици од 91 пријавени, меѓу кои и една девојка, крстот го фати 22 – годишниот велешанец Игор Јорданов од населбата Потокот. Тој првпат влегува во Вардар за Водици со својот другар Александар Анастов по крстот и вели дека е пресреќен, а на сите православни верници им посака многу здравје и среќа.
Никола Јакимоски од Охрид денеска беше најсреќен меѓу охриѓани. Тој беше највешт меѓу неколкуте стотини верници и успеа да го извади Чесниот крст од осветените води на Охридското Езеро.
– Скокам по крстот од својата 15-та година и како сите имав желба да го фатам. Оваа година среќата ме посака мене. Секогаш е тешко да се влезе во студените води, ама желбата е поголема од тешкотиите.