Тешко е да се замисли дека принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон си испраќаат емоџи додека се допишуваат, но и членовите на кралското семејство се како сите нас.
Во интервју за „Би-би-си“, кралската двојка откри кое емоџи најчесто го користат.
Одговорот на британскиот престолонаследник ги изненади водителите Џордан Норт и Вик Хоуп – емоџи со модар патлиџан.
„Ми рекоа да не одговорам емоџи со модар патлиџан, па ќе морам да изберам некое друго. Тоа ми беше омилено емоџи, но бидејќи морав да созреам, сега мое омилено емоџи е она чии очи се горе-долу, а устата му е искривена. Знаете, она што е малку лудо“, одговори принцот.
Инаку, за оние кои не знаат, емоџито со модар патлиџан симболизира машки полов орган во поп-културата и неретко има сексуална конотација.
Од друга страна, пак, принцезата Кетрин даде посимпатичен одговор од нејзиниот сопруг.
„Моето омилено емоџи е она со срце и она кое плаче од смеење. Знаете, хистерично смеење кога нештата тргнуваат наопаку“, одговори таа.