ВНУК НА МАЈКЛ ЏЕКСОН ЌЕ ГО ИГРА СЛАВНИОТ ПЕЈАЧ ВО НОВ БИОГРАФСКИ ФИЛМ

Date:

Џафар Џексон е избран да го глуми својот славен чичко Мајкл Џексон во нов биографски филм, што ќе го режира Антуан Фукуа. Филмот со едноставен наслов „Мајкл“ ќе биде првата голема улога за 26-годишниот Џафар, кој е син на Џермејн Џексон, најстариот брат на Мајкл.

„Џафар е отелотворение на мојот син. Прекрасно е да се гледа како го носи наследството на семејството Џексон“, изјави мајката на Мајкл Џексон, Кетрин.

Филмот се прави во соработка со задужбината на Мајкл Џексон, што се верува ќе има влијание врз тоа како тој ќе биде прикажан, односно дали воопшто ќе бидат вклучени обвинувањата за сексуално злоставување деца. Сценариото го пишува Џон Логан („Гладијатор“, „Авијатичарот“, „Скајфол“, „Спектра“).

Продуцентот Грем Кинг, кој стоеше и зад „Боемска рапсодија“, изјави дека Џафар бил избран по обемна потрага по актер низ цел свет.

„Го запознав Џафар пред две години и бев воодуешевен од начинот на кој ги претставува духот и личноста на Мајкл“, кажа Кинг.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

НЕВРЕМЕТО НАД ШПАНИЈА НЕ ЈА ПОШТЕДИ НИТУ БАРСЕЛОНА: Аеродромот е под вода, откажани летови

Силното невреме проследено со невообичаено обилни дождови што предизвикаа...

Николовски: Ќе го градиме автопатот Скопје-Блаце, Обвинитекството ќе го истражи криминалот

Министерот за транспорт и врски Александар Николовски во интервју...

Ловџија случајно се самоубил во Штип, бранејќи го синот од дива свиња

Ловџијата Иван Камчев починал во несреќен случај, објави локалната...

Млад човек пронајден мртов во штипско, на телото имал прострелна рана

Во атарот на штипското село Пиперево попладнето е пронајдено...