Внуката на Трамп покажа како се подготвува за дебито на црвениот тепих, па наиде на критики

Date:

Деветнаесетгодишната внука на Доналд ТрампКаи Трамп, објави ново видео на својот Јутјуб канал во кое ги прикажа подготовките за престижното доделување на спортските награди „ESPY“, каде што го имаше своето деби на црвениот тепих. За време на третманот кај нејзината шминкерка од Флорида, младата Каи низ шега се пожали дека значително остарела и дека и соодветствуваат современите ЛЕД уреди за затегнување на лицето, што предизвика смеа кај целиот тим.

Таа отворено призна дека нејзиниот изглед драстично се променил во последните неколку месеци, истакнувајќи дека најголемите трансформации ги забележува од инаугурацијата на нејзиниот дедо одржана во јануари 2025 година, а фотографијата од тој период брзо им ја покажа на шминкерите во собата како доказ за тоа колку созреала.

Низ разговорот за затегнувањето на кожата и промените на нејзиното лице, шминкерката истакна дека младата Каи сè повеќе наликува на својата мајка Ванеса Трамп, што таа го прифати како најголем можен комплимент.

Сепак, нејзиното прво појавување на свечениот настан привлече и низа негативни коментари и потсмев на социјалните мрежи поради детали за време на позирањето, како и поради изјавите во видеото за кои дел од корисниците истакнаа дека се необични со оглед на тоа што нејзиниот дедо е милијардер и претседател на САД.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Арсими со победа го отвори третото ПМФЛ коло

Тимот на Арсими ги освои првите три бода сезоната,...

Лејкерси по вторпат продадени за само 14 месеци 

НБА-лигата, но и навивачите на Лејкерс, сè уште се...

THE NEW CHURCH “ST. APOSTOL THOMAS” –PART I (19)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN God's...

Брза фритата со зеленчук

Искористете го зеленчукот што го имате во фрижидер и...