Се јадат за појадок, после тренинг или како ужина, а можат да се подготват на многу начини – варени, „на око“ и матени јајца.
Сепак, треба да внимавате на храната што ја јадете со јајца. Само затоа што се здрави, не значи дека можете да ги комбинирате со нездрави состојки.
„Поради висококвалитетните протеини и витамините Б што ги содржат, нема сомнеж дека јајцата можат да бидат дел од здрава и урамнотежена исхрана. изјави диететичарката Лорен Манакер.
Јајцата често се јадат со колбаси и пржени компири. Таквата храна е полна со заситени масти и сол.
„Кога ќе одлучите да јадете јајца, задолжително јадете ги со друга хранлива храна како авокадо, леб од цели зрна и зеленчук“, предупреди Манакер.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]