ВМРО-ДПМНЕ: СДС има килаво мнозинство, го одржува со притисоци, криминал и уцени, избори се решение

Date:

СДС нема мнозинство, го одржува со притисоци, криминал и уцени, избори се решение.

Ден или месец повеќе власт за Ковачевски не ги решава проблемите за Македонија, само личните апетити на пар луѓе од врвот на СДС и ДУИ.

Со оваа влада Македонија тоне. Односите со Бугарија се на историско најниско ниво, затоа што власта е попустлива и се што беше побарано од неа со веднење на кичма исполни. Нормално е во такви констелации, Бугарија да бара повеќе и повеќе. Асиметричноста на односите која е предизвикана од СДС резултира со понижена Македонија, и односи како од студена војна.

Ковачевски нема направено ништо за приближување на земјата кон ЕУ. Со оваа власт имаме само криминал и корупција, бегство од затвори на убијци, кражба на оружје од полициски депоа, украдени десетина тони марихуана од фабрики и функционери кои го ограбуваат народот.

На поле на инвестициите, оваа влада може да се пофали само sо инвестициите на Пиксел груп, основана од Ковачевски, сега управувана од неговиот кум.

Ковачевски една година и еден месец е премиер, а не понуди ниту едно решение, нема ниту еден проект, само нови проблеми и назадување. Наместо да се крие зад уцени на пратеници, ајде на избори.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Австралија добива НБА шампион и деветкратен Ол-стар како засилување?

НБА ѕвездата Кајри Ирвинг изрази големо задоволство во иднина...

Македонија со Шортс и Димитријевиќ против Естонија и Полска

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир...

Смртни закани кон судијата кој го исклучи Белингем

Судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро, кој му покажа црвен...

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Кацарска и Трпков

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС...