ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ блефира со барањето за декласификација на документите за прислушувањето оти сака да ги спаси организаторите

Date:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ блефира со барањето за декласификација на документите за наводите за незаконското прислушување бидејќи, како што велат, свесно бара нешто што е невозможно да се направи. Велат дека декласификација на документи се врши исклучиво согласно закон, во судска постапка и по барање и одлука на надлежните органи, а не по партиска нарачка.

„Со оглед на тоа дека за сите информации поврзани со незаконското работење во АНБ е веќе известено Јавното обвинителство, понатамошното постапување останува во нивна надлежност. Прашањето за декласификација на документи може да биде дел само од постапките што се водат од страна на обвинителството и судот, а не од партиска нарачка на СДС. Со овој однос, СДС јасно потврдува дека се плаши. Ваквиот однос само ги јакне сомнежите дека тие стојат зад нарачките за следење и прислушување бидејќи преку лажни обиди за ‘декласификација’ сакаат да ги спасат организаторите, пуштајќи ги доказите во јавност“,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека поради чувствителноста на темата е неопходноно да се почитуваат строго пропишаните процедури, а утврдувањето на одговорност и евентуално кривично гонење, како што посочуваат од владејачката партија, е во надлежност на обвинителствата и судовите, а не на СДСМ.

Претходно денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче, објави дека партијата бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта го презентираше како афера за прислушување.

„За ова има јасна постапка по која АНБ може да ги обелодени сите информации и документи. Случајот треба да биде достапен на јавноста за да се суди дали и кој ја злоупотребил функцијата во службите за безбедност. Доколку АНБ ова не го направи, ќе биде јасно дека ова ќе биде уште еден неуспешен обид за манипулација“,напиша Филипче во објавата на Фејсбук.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

MACEDONIAN EMIGRANT MEDIA BEFORE WORLD WAR II (15)

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ...

Шон Пен не дојде да го земе третиот Оскар

 Шон Пен не се појави на доделувањето на Оскарите...

„Форбс“ ги избра најплатените актери и актери: Кој и колку заработи во 2025 година

Холивуд веќе некое време се прашува дали филмските ѕвезди ја...