ВМРО-ДПМНЕ: Решение за епидемијата на корупција е да се изолираат најкорумпираните од ДУИ и СДС

Date:

Соединетите Американски Држави лоцираат епидемија од корупција во Македонија.

На Ковачевски, Владата и надлежните институции око не им трепнува. Да беа европска власт и доколку негуваа европски вредности веднаш ќе поднеса оставки од своите функции, затоа што во секој ресор на Владата смрди на корупција и се е труло. И тоа не им го говори само САД, тоа е нотирано и во Европскиот извештај. Со оваа криминализирана власт нема ни европска иднина, ни европски стандарди. Единствено кое знае оваа власт да го прави е како да полни свои блиски фирми со сомнителни тендери, како да ги полни своите џебови и сметки, а во исто време само декларативно да говори за Европската Унија.

Затоа Македонија е најсиромашна држава, затоа стандардот и економијата тонат, затоа има таков егзодус на граѓаните. Не е возможно и Европската Унија и САД да гледаат корупција во Македонија, а само нашето судство и обвинителство, седнато во скутот на ДУИ и СДС, тоа да не го гледа.

Корупцијата е модус вивенди на оваа власт. Од кревет не стануваат функционерите на ДУИ и СДС ако денес не договориле некој тендер, некоја провизија или некое ново кршење на законот. Системот е целосно распаднат, институциите се дерогирани, а правната држава е тотално поклопена. Дијагнозата е повеќе од јасна. Решението за оваа епидемија на корупција чиј причинител е владата на Ковачевски е да се победи на избори и после тоа клучните единки заразени со корупцијата да се стават во карантин во некоја казнено поправна установа на подолг рок, се наведува во партиското соопштение.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Динамо Букурешт е последната пречка за младите пелистерци до завршниот турнир во ЛШ

Младите ракометари на Пелистер денеска му оддржаа лекција на...

ЛЕ: „Лудница на Олд Трафорд“ со хепи-енд за Манчестер Ј., Бодо го шокираше Рим

Натпревар за фудбалските анали се одигра вечерва на „Олд...

Австралијка роди „туѓо“ дете, клиниката за вештачко оплодување ги измешала ембрионите

Жена од Австралија родила бебе кое се развило од...

Казни до 10 илјади евра ако трговците не ги објават цените на производите на интернет

Ниту еден трговец не се пожалил од правилникот за...