ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски пола од мандатот потроши да им се допадне на бугарските негаторски кругови

Date:

,,Пендаровски Стево половина од времето потроши да им се допадне на официјалните лица во Софија. Бојко Борисов го поздравуваше со “как си љубави“, на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев јавно му се заблагодаруваше за политичката поддршка што му ја дал, а дното го достигна со изјавата “ Гоце Делчев се декларирал како Бугарин“.

Очигледно на Пендаровски му беше поважно да го пофалат во Бугарија, отколку да ги заштити интересите на граѓаните во Македонија. „Љубави“, поддршката од “евродепутатот Ковачев“ и изјавата “ Гоце Делчев се декларирал како Бугарин“ нека си ги стави во отчетот за тоа што сработил во овие 5 години мандат, па може ќе му речат браво бугарските функционери и негатори на македонскиот идентитет.

Пендаровски треба да знае дека беше избран за претседател и земаше плата од народните пари за да биде заштитник на македонските позиции, а не на странските. Сега пак бара мандат од оние граѓани кои ги заборави и изневери.

За жал освен понижувања, менувања ставови и погазување на достоинството на народот, не видовме ништо позначајно од Пендаровски.

Тој го изгуби својот кредибилитет и интегритет.

Време е за промени.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...