ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа никаков договор под бугарски диктат

Date:

Овие неколку дена сме овде во Брисел да оствариме неколку средби со луѓе кои се на високи позиции во ЕУ. Денеска имавме средба и со господинот Манфред Вебер кој што е и претседател на Европската Народна партија, семејство во кое што е член и ВМРО-ДПМНЕ, рече во изјава за медиумите претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Главната цел овде во Брисел на делегацијата која што ја предводам на ВМРО-ДПМНЕ е да ги презентира своите позиции, аргументи и ставови поврзани со проблемот кој што го создаде владата на ДУИ подржана од СДСМ. Она кое што најмногу зачудува, а кое што го слушнав овде во Брисел од соговорниците е дека нашите членови на македонската влада кои што кога доаѓаат во де во Брисел, ние мислиме работат за државата, а тие покрај тоа што го уживаат комфорт на своите функции, единствената работа и цел им е да ја кодошат опозицијата овде во Брисел и да барат од луѓето од Брисел да вршеле притисок врз ВМРО-ДПМНЕ, да прифати договор кој што ниту го преговарала, ниту учествувала во него, а предупредила дека нема намера да го прифати. Тоа е единствената работа која што официјалните лица на владата на ДУИ подржана од СДСМ го прави овде, ја кодошат опозицијата и уживаат во привилегиите кои што им ги носат функциите. Нашата порака е јасна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаков договор кој што ќе биде под бугарски диктат. Тоа е основната и суштинската порака која што овде во Брисел ја пренесовме и ќе продолжиме да ја пренесуваме, а која што се темели на нашите факти и аргументи. И втора работа која што сакам да ја кажам, а која што ја пренесуваме на состаноците, тоа е дека избори во Македонија час поскоро за да може притисокот кој што се чувствува во општеството поради оваа неспособна влада, која што е полна со криминал и корупција да биде ослободен. На дневно ниво ние сведочиме за коруптивни скандали кои што неколку фамилии кои што управуваат со овие две партии ги нижат во Македонија и дополнително го разочаруваат народот. Затоа се потребни избори за да дојде една легитимна влада која што е избрана од народот, а не поставена како оваа влада на Ковачевски. Влада која што ќе се бори за повеќе успеси за македонските граѓани, за повеќе пари за македонските граѓани, за подобар стандард, за повеќе инвестиции и реформи, за поквалитетно здравство и она кое што е најважно борба со криминалот и корупцијата. Тоа е многу важно да може да го удриме во корен она кое што денеска претставува навистина една епидемија во македонското општество, а тоа е високото ниво на криминал и корупција, истакна Мицкоски.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Опра Винфри фотографирана во јавност ги изненади фановите со витата фигура

Опра Винфри беше снимена во Њујорк кога пристигна на...

ДЕЈВ ГРОЛ ПРИЗНА ДЕКА ДОБИЛ ВОНБРАЧНА ЌЕРКА, ПОБАРА ПРОСТУВАЊЕ ОД СЕМЕЈСТВОТО

Фронтменот на „Фу Фајтерс“ Дејв Грол ги шокираше фановите...

Хали Бери проговори за љубовта: Се заљубив уште пред да имаме врска

Актерката Хали Бери даде интервју за „Мари Клер“, каде...

„Тој беше тој што сакав да бидам“: Дензел Вашингтон му оддаде почит на Џејмс Ерл Џонс

Дензел Вашингтон му оддава почит на починатиот актер Џејмс...