ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Османи цел ден молчат за асимилаторскиот говор на Џамбаски

Date:

Ковачевски и Османи цел ден молчат за асимилаторскиот говор на Џамбаски, за да им поминуваат криминалите согласни се со сите кои имаат аспирации кон Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ангел Џамбаски сред Скопје ја негираше македонската држава и народ, а од МНР и Владата молчат. За осуда и протесна нота за ваков инцидент не треба да се чека ниту пет минути, а не цел ден.

Што чекаат Ковачевски и Османи и од што се плашат? Или можеби се согласуваат со Џамбаски, ако се согласуваат чесно е да кажат.

Со Ковачевски и Османи имаме само негации. Додека тие се фокусирани на тендери, политичари со шовинистички говори го навредуваат народот и државата.

Срамен е молкот од власта. Владата на СДС и ДУИ е неспособна да ја штити државата, затоа треба што поскоро да си замине. Потребни се промени и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ги брани националните интереси и ќе работи на развој на државата, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...