ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е дефакторизиран, негови пратеници не гласаа, избори се решение

Date:

Ковачевски е дефакторизиран, никој не го прашува за ништо, негови пратеници не гласаа, избори се решение, гласи реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по најавите на премиерот дека истиот ден кога ќе бидат изгласани уставните измени, ќе поднесат оставки и ќе има избори. 

„Ковачевски не може да избега од фактот што во Собранието имаше 70, а не 73 пратеника колку што тврди дека поддржуваат уставни измени. Ковачевски и СДС ја донесоа Македонија во ќорсокак. Прифатија услови против кои се 80% од граѓаните. Политиките на Ковачевски не соодветствуваат со ставот на мнозинството Македонци. И самиот Ковачевски знае дека уставни измени нема да има, се што прави е ден повеќе да ја задржи својата позиција. Не му се важни ниту граѓаните, ниту државата. Но треба да е свесен додека тој себично размислува за себе и за кликата околу себе, Македонија тоне. Единствен излез од оваа криза се само избори“, се вели во реакцијата на опозициската партија.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Ѓорческа „тргна“ со победа во Германија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска постигна победа во првото...

„Битка на половите“: Кирјос најави спектакл со најдобрата светска тенисерка

Били Џин Кинг и Боби Ригс го одиграле последниот...

ПСЖ со лекција за Реал Мадрид до место во финалето на Светското клупско првенство 

Европскиот шампион ПСЖ го реши победникот во полуфиналето на...

СОЛУНСКИТЕ БРАЌА СВЕТИ КИРИЛ И СВЕТИ МЕТОДИЈ (21)

ДЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА...