ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче се браќа по криминал и корупција

Date:

Заев и Филипче беа рака под рака заедно кога Македонија ја тресеа најтешките коруптивни скандали и трагедии. Од крвавиот тендер, преку криминалот на Онкологија, тендерот за стерилизација, пожарот во модуларната болница, набавката на вакцини, рекордниот број настрадани од Ковид и десетици други, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче е продолжена рака на Заев, браќа по криминал и корупција, заедно правеа матни тендери во здравството, додека луѓе страдаа и умираа. Во секоја европска држава вакви ликови после таков мандат не би ни помирисале политика, а не пак да водат партија. Но овој двоец Заев-Филипче нема ни срам ни перде. Нив ги води поривот за пари и желбата преку политика да се амнестираат. Ортаци во бизнисот, а последната зделка им беше впишување на целосна сопственост над СДС. Партијата ја претворија во приватна фирма, што е врв на нивната коруптивна дејност. Ако мислат дека СДС ќе им служи за пазарење со правдата тогаш се лажат. Тоа што ја земале во заложништво и ја држат заробена партијата е работа на членството на СДС, но никој друг нема да дозволи една крими група да ја уценува државата и политичките процеси во неа, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со вакво темпо, СДС е многу близу на следните избори да биде вонпарламентарна партија, додаваат од владејачката партија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Мицкоски: додека јас сум премиер нема да има недопирливи

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Претрес...

Избрани нови членови на историската комисија

Пред три години си даде оставка од историската комисија...

Кој „победи“ на претседателската дебата Трамп-Харис?

За време на првата претседателска дебата, поранешниот претседател на...

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ИДЕН ВЛАДАТЕЛ НА МАЛА АЗИЈА (47)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...